The personal experience of a Couple from North Macedonia
Имавме исклучително позитивно искуство со New Life IVF Greece. По неколку неуспешни ин витро оплодувања во Скопје, контактиравме повеќе IVF клиники во Солун, но единствено од New Life добивме брз и професионален одговор, само еден час по нашата порака, а консултацијата ја закажавме веќе за два дена.
Кога пристигнавме таму, уште при самиот влез почувствувавме пријатна, мирна и дискретна атмосфера, што е особено важно во еден ваков чувствителен процес. Од првата консултација па сè до конечниот исход, бевме целосно задоволни, на секое наше прашање добивме одговор, а секоја постапка беше детално објаснета.
Почнувајќи од персоналот на приемниот пулт, преку координаторите кои пристапуваат со насмевка, почит и целосна дискреција, па сè до посветените и стручни доктори, секогаш отворени за разговор и одговори на сите прашања, сите вработени, вклучувајќи ги медицинските сестри и ембриолозите, беа исклучително љубезни, внимателни и пред сè професионални во секој аспект.
Посебна благодарност упатуваме до координаторката Еленa Најдоска за нејзината постојана достапност, трпение, несебичност и огромна посветеност во текот на целиот IVF процес што го поминавме во New Life IVF, Greece.
Исто така, неизмерна благодарност му должиме на д-р Athanasios Pantelis, кој со своето знаење, стручност, поддршка и топол пристап ни помогна да го оствариме нашиот долгогодишен сон за родителство. Позитивен тест за бременост добивме по вториот обид.
Од срце го препорачуваме New Life IVF, Greece на сите кои ја започнуваат својата борба за потомство, бидејќи на едно место ќе најдат љубезност, разбирање, дискреција и, пред сè, врвна стручност и професионализам.